Close Menu
Press24
    Најново

    Албанска полиција: На едно лице не му беше дозволен влез поради законски пречки, другите сами одлучија да не го продолжат патувањето

    09.07.2026 во 15:38

    ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал 

    09.07.2026 во 15:22

    Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион

    09.07.2026 во 14:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Албанска полиција: На едно лице не му беше дозволен влез поради законски пречки, другите сами одлучија да не го продолжат патувањето
    • ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал 
    • Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион
    • Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак
    • СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората
    • Радовиш: Сакал да му ја запали нивата на својот брат – изгорело пола село
    • Повеќе од половина од криминалните групи во Албанија продаваат кокаин, но каде ги инвестираат парите?
    • Рачна бомба фрлена од возило во движење кон ресторан во тетовско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: ВМРО соработуваше со фашистите

    Филипче: ВМРО соработуваше со фашистите

    09.05.2026 во 13:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми. Филипче посочи дека политиките на ВМРО се само пропагандни методи и создавање вештачки непријатели, користејќи ја орбановата мрежа на медиуми во Македонија.

    „ВМРО соработуваше со фашистите, а и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели. Сето тоа користејќи ја орбановата мрежа на медиуми тука кај нас, кога гледаме постепено во Унгарија почнува да се распаѓа“, рече Филипче.

    Тој посочи дека во Унгарија веќе започна процесот на расчистување со криминалите поврзани со владеењето на Виктор Орбан и дека тие случаи, водат и до структури блиски до Христијан Мицкоски.

    „Еве денеска нова влада во Унгарија формира новиот премиер Петар Маѓар и најави дека веќе од утре ќе почне да се расчистува со сите криминали во сите сектори на Виктор Орбан коишто по секоја линија тука Македонија водат до Христијан Мицкоски и неговиот периметар“, изјави Филипче.

    Во изјавата Филипче додаде дека дека поврзаноста меѓу владата на Мицкоски и структурите блиски до Виктор Орбан, се гледа преку договрите и проектите со Унгарија и медиумското влијание во државата.

    „Прво прашањето со кредитот од Унгарија милијарда евра е задолжена земјата за да само некои фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ користат некакви кредити. А сите ние преку нашите даноци, сите граѓани ги плаќаат тие кредити за само селектирани компании. Потоа прашањето со пругата, прашањето со телекомот и најважното прашање кое што еве таму се отвара, веќе тие медиуми во Унгарија се распаѓаат, луѓето почнуваат да се извинуваат за лажните вести кои што ги ширеле, и тоа ќе се случува и кај нас“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Сакаме Мицкоски да не ги краде гласовите на дијаспората

    09.07.2026 во 14:41

    Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    09.07.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.