Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Имаме цунами – странските инвестиции си заминуваат, има повеќе невработени

    Филипче: Имаме цунами – странските инвестиции си заминуваат, има повеќе невработени

    13.11.2025 во 14:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа на сериозната економска состојба во државата поради промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ, поради што негативен резултат е веќе регистриран кај странските инвестиции, но и кај другите економски параметри. Филипче предупреди дека и домашните и странските инвеститори веќе отпушаат вработени, со што сериозо се загрозува егзистенцијата на илјадници семејства.

    „Владата на премиерот Мицковски и ВМРО ДПМНЕ не само што не успеа да донесе нови странски инвестиции како што најавуваа,  за жал се затвораат и тие кои што со години работеа тука кај нас. Веќе слушнавме дека две големи компании кои со години работеа во индустриските зони најавуваат ставање клуч на погоните во земјава.  компанијата Aptiv, која од 2016 година работи тука со 500 вработени, и Dura Automotive Systems која требаше да реализира тоа што веќе претходно го најави- нова инвестиција, но за жал сега не се случи. Значи нема проширување, нема места, оваа компанија најави стопирање на инвестицијата“, рече Филипче.

    Како што кажа Филипче, со овој негативен тренд односно од досегашните отпуштања и оние кои се во најава до крајот на годината,  за околу 30% ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции.

    „Ова е огромна бројка и огромна загуба на работни места. Ако на ова се додаде и тоа дека десетици компании од сферата на текстилната интуиција наши домашни компании се затвораат изминатите месеци, стигнуваме со бројка на илјадници луѓе, семејство на кои што им е загрозена егзистенцијата, кои се соочуваат со неизвесност“, рече Филипче.

    Тој додаде дека секоја одговорна влада кога има ваков проблем мора да најде решение или барем предлог решенија за решавање на ваквите предизвици, но ВМРО-ДПМНЕ тоа не го прави и никако не го адресира, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.