Три минимални плати не се доволни за да се покрие потрошувачката кошничка, а граѓаните сè потешко се справуваат со растечките животни трошоци, обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, храната постојано поскапува, куповната моќ се намалува, а најавите за нови цени на струјата дополнително ќе го оптоварат семејниот буџет.
„И паричниците и фрижидерите на граѓаните се празни. И тоа е доказ дека оваа Влада апсолутно не знае како се води државата“, изјави Филипче.
Тој ја обвини Владата дека нема ниту желба, ниту капацитет да се справи со економската криза. Филипче го критикуваше и предложениот буџет за 2027 година, оценувајќи дека во него нема развојна компонента, ниту доволно средства за зголемување на платите во здравството, образованието и социјалната заштита.

