Обвинителството сè уште не ја исклучува можноста нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид да биде квалификуван како обид за убиство. Државниот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека се преземаат сите неопходни истражни дејствија, а особено важен за постапката ќе биде исказот на претепаната девојка, со која надлежниот обвинител веќе воспоставил контакт. Според Савески, доказите ќе се разгледуваат поединечно и како целина, по што ќе се одлучува за конечната правна квалификација на делото. Против 31-годишниот осомничен Кристијан Корабоски досега е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда, а судот му одреди мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до жртвата на помалку од 50 метри и одземање на пасошот. Савески најави дека во текот на денот се очекува нова обвинителска одлука за случајот.
- Савески: Исказот на Сара е клучен – обвинението може и да се смени во обид за убиство
- Битолчанецот што побегна од прозор во полициска станица денеска сам се предал
- Хаџи Василева: Влијанија имало и ќе има, интегритетот се гледа во односот на обвинителите кон нив
- Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност
- Тинејџер од Македонија обвинет за обид на убиство на познат белградски бос
- Ристовска Додевски: 2.500 ученици во Центар сè уште немаат бесплатен оброк
- Делови од четири скопски општини утре без струја: Проверете дали сте на списокот
- Големи температурни разлики – УХМР најавува нов пресврт со времето

