Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Будно ќе го следиме судењето за „Пулс“, нема да дозволиме прикривање на вистината

    Филипче: Будно ќе го следиме судењето за „Пулс“, нема да дозволиме прикривање на вистината

    19.11.2025 во 13:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ будно ќе го прати целот процес на судењето за трагедијата во Кочани и ќе се спротивставиме на секој обид за манипулација или за прикривање на вистината или правдата, порача на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека СДСМ нема да се октаже од барањето за поддршка на семејствата и откривање на вистината за трагедијата кога во пожар загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

    „Затоа побаравме и Анкетна комисија во Собранието.Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ке ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од ова трагедија“, рече Филипче.

    Тој додаде дека  судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води отворено и пред очите на целата јавност. 

    „Нема да се откажеме од намерата да останеме цврсто во одбраната на јавниот интерес, ќе користиме сите демократски алатки кои што ни се нудат и како политичка партија и преку Собранието и расправите кои што ги побаравме,  за да вистината конечно излезе на виделина“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.