Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче ја претстави најавената Предлог-резолуција за црвените линии

    Филипче ја претстави најавената Предлог-резолуција за црвените линии

    25.09.2025 во 14:002 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја претстави најавената предлог-резолуција за дефинирање на црвенит линии во процесот на интеграција во Европската Унија. 

    Рече дека целта на резолуцијата е постигнување национален консензус и јасно дефинирање на црвените линии кои не смеат да се преминат во преговорите со ЕУ.

    Филипче посочи дека двата најважни делови од предлог резолуцијата односно црвените линии се определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.

    „Тоа се елементи за кои не се преговара со Европската Унија и ова се нашите црвени линии и сметам дека треба да бидат црвените линии на целата нација. Многу од овие одредници се заштитени со претходни декларации документи и договори меѓународни. Тоа што сега нудиме е заеднички пристап како и секоја друга сериозна држава, да имаме заеднички црвени линии. Поради тоа што ако го постигнеме националниот консензус и ако интензивно работиме на реформите притоа државата расте се надградува и зајакнува, никој никогаш и ништо нема може да запре на патот кон Европската унија“, рече Филипче.

    Рече дека доколку во преговорите за членство се отвораат или наметнуваат прашања што го доведуваат во прашање македонскиот јазик или идентитет, државниот врв има обврска со заедничко писмо да ја информира ЕУ дека тие теми се неприфатливи и не се предмет на преговори.

    „Ако во текот на преговорите на членство Европската Унија од страна на европски институции или било која држава членка на ЕУ се отворат прашања со кои се проблематизира македонскиот јазик или било кое друга идентитетско обележје или доколку преговарачкиот процес биде блокиран поради идентитетски прашања или барања кои се надвор од преговарачката рамка и не припаѓаат на Копенхашките критериуми за членство, тогаш со заедничко писмо, Претседателот државата,Собранието Владата имаат обврска да ги информираат сите европски институции, Европската Комисија, Претседателот на Европскиот совет, Претседател на европскиот парламент, еврокомесарот за проширување и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, дека е потребно безусловно почитување на јазичните и идентитетски историски и културни особености како елементи за кои не се преговара“, рече Филипче.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.