Close Menu
Press24
    Најново

    Египет прогласи македонска организација за терористичка – воведени се санкции

    11.11.2026 во 10:54

    Мицкоски извади документ на надзорната расправа: СДСМ во 2023 договориле деловни односи со Алта Банка

    11.11.2026 во 10:52

    Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија

    11.11.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Египет прогласи македонска организација за терористичка – воведени се санкции
    • Мицкоски извади документ на надзорната расправа: СДСМ во 2023 договориле деловни односи со Алта Банка
    • Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија
    • Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“
    • Уапсен поранешниот српски министер за економија
    • Голема акција во Србија утрово – масовни апсења по промената на власта
    • Македонија собира германско искуство за модернизација на границите
    • Божиновска во Турција заедно со Сиљановска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Египет прогласи македонска организација за терористичка – воведени се санкции

    Египет прогласи македонска организација за терористичка – воведени се санкции

    11.11.2026 во 10:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Исламска младинска асоцијација или Islamic Youth Association од Македонија се најде во фокусот на домашната јавност откако Кривичниот суд во Каиро, Египет, официјално ја прогласи за терористичка организација на 10 ноември.

    Египетскиот суд, преку одлука објавена во нивниот Службен весник, стави вкупно 35 европски исламски организации и 36 поединци на својата листа на терористички ентитети. Меѓу нив се наоѓа и ова здружение регистрирано во Македонија.

    Ставањето на оваа листа од страна на Египет подразбира воведување финансиски санкции, замрзнување на имот и забрана за активности поврзани со египетски субјекти за период од 5 години.

    Египетските власти ги поврзуваат овие тела со транснационални исламистички движења (како „Муслиманско братство“), кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски извади документ на надзорната расправа: СДСМ во 2023 договориле деловни односи со Алта Банка

    11.11.2026 во 10:52

    Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија

    11.11.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.