Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ќе биде дел од македонската државна делегација, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември престојува во работна посета на Анталија, Турција.
Повод за посетата е учеството на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на Обединетите нации за климатски промени – КОП31.
На самитот ќе учествуваат светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации, кои ќе разговараат за климатските предизвици, мерките за намалување на последиците од климатските промени и зајакнувањето на меѓународната соработка.
Учеството на Божиновска е насочено кон следење на глобалните климатски политики и процесите на енергетска транзиција, како и размена на искуства со меѓународните партнери во овие области.

