Close Menu
Press24
    Најново

    Уапсен поранешниот српски министер за економија

    11.11.2026 во 10:26

    Голема акција во Србија утрово – масовни апсења по промената на власта

    11.11.2026 во 10:21

    Македонија собира германско искуство за модернизација на границите

    11.11.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен поранешниот српски министер за економија
    • Голема акција во Србија утрово – масовни апсења по промената на власта
    • Македонија собира германско искуство за модернизација на границите
    • Божиновска во Турција заедно со Сиљановска
    • „ Доста е, не чекаме осма жртва“: Граѓански организации со барања за заштита од насилство
    • Сиљановска на вечера кај Макрон
    • Зимата доаѓа кон крајот на ноември – услови за првиот снег во Скопје
    • Груби денеска на суд – рочиште за Државна Лотарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уапсен поранешниот српски министер за економија

    Уапсен поранешниот српски министер за економија

    11.11.2026 во 10:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот српски министер за економија Раде Баста е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение дека, додека бил директор на јавното комунално претпријатие „Белградски електрани“, ја оштетил компанијата за десетици милиони динари, потврди РТС.

    Баста е осомничен дека одобрувал донации без оправдана основа за разни спортски клубови, вклучувајќи помали фудбалски и кошаркарски клубови и коњички клуб, објави РТС. Членовите на Службата за борба против корупцијата спроведуваат акција за апсење и претрес, објави српскиот јавен сервис.

    Како што неофицијално дознава РТС, во тек е притворање на уште неколку лица поврзани со Баста.

    Раде Баста беше министер за економија на Србија од октомври 2022 до 2023 година, кога беше отстранет од функцијата. Разрешувањето дојде откако тој побара од српската влада „итно да се изјасни за воведување санкции против Руската Федерација поради нејзината агресија врз Украина“. Откако ја напушти владата, тој го основа движењето „Европски пат“.

    Тој беше назначен на министерски должности како член на партијата Единствена Србија, која, поради неговите изјави за воведување санкции против Русија, побара и негово разрешување од сите партиски и јавни функции на кои го номинираше.

    Прочитај повеќе

    Голема акција во Србија утрово – масовни апсења по промената на власта

    11.11.2026 во 10:21

    Курти до новото раководство во Србија: Признајте ја независноста на Косово

    10.11.2026 во 23:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.