Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Правиме сѐ за да нема ценовни шокови и ќе преземеме сѐ за секогаш да има струја за граѓаните
    • Голема меѓународна операција на Европол: Запленети 43 тони кокаин, приведени 20 осомничени (ВИДЕО)
    • Task Force упадна во дом во Врапчиште: Приведен 28-годишник, пронајдени кокаин и марихуана
    • Затворот во Идризово пренатрупан: Директорот ќе бара амнестија за да се намали бројот на затвореници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е пак да ѝ се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт
    • СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава – долгот го плаќа народот
    • Мицкоски на увид во завршните работи на објекти на Скопското Кале
    • Денеска до 28 степено, но не излегувајте без чадор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Една недела дена пред вториот круг од локалните избори

    Една недела дена пред вториот круг од локалните избори

    26.10.2025 во 10:164 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела, на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, вториот круг ќе се одржи во 32 општини и Градот Скопје. Противкандидатите за градоначалничките места се очекува оваа недела да ја интензивираат својата кампања со митинзи и средби со граѓаните. 

    Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на маалски митинзи во Брвеница, каде ќе се обрати и кандидатот за градоначалник, Јовица Илиевски, потоа во Скопје во Центар, во Карпош каде ќе се обрати и кандидатот за градоначалник, Сотир Лукровски и во Долно Нерези.

    Лидерот на СДСМ Венко Филипче, пак, денеска ќе биде во посета на Општина Аеродром, каде ќе даде изјава за медиумите.

    Вчера караванот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржа мини митинзи во Лозово, Росоман, Демир Капија и Неготино. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа од митинзите апелираше до граѓаните за поголема масовност во вториот круг, со цел да се заокружи бројката од 59 градоначалници во вториот круг и со тоа да се потврди, како што рече, историски најголемата победа во Македонија и да продолжи развојот на државата и општините.

    Мицкоски се осврна и на тоа дека на овие избори граѓаните јасно ја изразија својата волја и довербата која ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата каде што во првиот круг освои 33 градоначалници, наспроти три од СДСМ, а тоа е отприлика победа 11 спрема еден, а во втор круг влезе во 26 општини.

    Оваа недела се очекува телевизиски дуел меѓу двајцата ривали за Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. Во фокусот на нивната кампања изминатата недела беше отпадот и начинот на негово собирање во главниот град.

    Кандидатот за градоначалик од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски смета дека со добра организација во главнот град проблемите можат брзо да се решат и дека во првите 72 часа ќе се спроведе голема акција за чистење на градот, во која ќе бидат вклучени сите општини, јавни претпријатија и општествено одговорни компании.

    Мециновиќ, пак, претстави план за решавање на проблемот со отпадот, преку санација и реформа на јавното комунално претпријатие. Тој презентираше иновативно решение за третман на отпадот, кое, според него, веќе се користи во неколку европски градови.

    И градоначалниците на неколку скопски општини вчера продолжија со средбите со граѓани. Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Тој на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат –  тоа се модерен дом за стари лица, нова градинка, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи… Кандидатот за градоначалник од истата партија за Општина Аеродром Александар Трајановски, најави јавен увид во сите буџетски трошоци, како и отворени денови со градоначалникот и со членовите на Советот, каде што секој граѓанин ќе може лично да постави прашање, да даде предлог или да иницира расправа за прашања од јавен интерес.

    Синоќа истече рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, додека за два дена завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 1 ноември.

    Од ДИК информираат и дека во тек е пријавувањето на набљудувачите за вториот круг на изборите.

    ДИК во четвртокот на јавна седница ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање.

    Во првиот круг на 19 октомври локалните избори завршија во 43 општини, додека во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде излезноста на гласачите беше една третина од вкупниот број запишани гласачи постапката за избор на градоначалник се повтори и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е пак да ѝ се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

    10.10.2026 во 10:41

    СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава – долгот го плаќа народот

    10.10.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.