Close Menu
Press24
    Најново

    Путин со изненадувачки повик: Русија сака подобрување на односите со Европа

    30.10.2026 во 10:10

    СДСМ до Муцунски: „За Ива Михаилова остри пораки, за Груевски тишина”

    30.10.2026 во 10:04

    ВМРО-ДПМНЕ: Осум квартали без негативен раст во градежништвото

    30.10.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Путин со изненадувачки повик: Русија сака подобрување на односите со Европа
    • СДСМ до Муцунски: „За Ива Михаилова остри пораки, за Груевски тишина”
    • ВМРО-ДПМНЕ: Осум квартали без негативен раст во градежништвото
    • Воен хеликоптер се урна кај Брчко, загинаа четири лица
    • ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Македонска Каменица чека улици, канализација и завршени проекти
    • ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив
    • Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа
    • ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Две лица приведени во Кавадарци: Агресивно се однесувале кон полицијата, измерени високи промили алкохол

    Две лица приведени во Кавадарци: Агресивно се однесувале кон полицијата, измерени високи промили алкохол

    07.11.2025 во 12:501 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата во Кавадарци минатата ноќ привела две лица откако, под дејство на алкохол, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

    Како што попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес, во 19:05 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го привеле М.Ј., 51-годишен кавадарчанец, затоа што во ходник од зградата каде живее во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

    – При преземање мерки, кај него биле измерени 1,44 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија оттаму.

    Во 23:10 часот пак, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го привеле Т.А., на возраст од 43 години од село Долна Бошава, кавадаречко. Тоа, затоа што, како што појаснија, на улица „7 Септември“ во Кавадарци, откако полициски службеници кои извршувале службени дејствија го забележале како го нарушува јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување, тој агресивно се однесувал и кон нив.

    -При преземање мерки, кај него биле измерени 2,27 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес. 

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија

    30.10.2026 во 09:18

    Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами

    30.10.2026 во 09:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.