Два автомобили, мопед и четирицикл излетаа од патот, тешко повредени се четири лица

 


Во текот на вчерашниот и денешниот ден два автомобили, еден мопед и еден четририцикл излетаа од патот, при што тешко повредени се четири лица.

На 22.03.2025 околу 13 часот во СВР Штип, било пријавено дека на пат во с.Карбинци, В.Н.(47) од с.Карбинци, општина Карбинци управувајќи мопед со штипски регистарски ознак излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Денеска (23.03.2025) во 00.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
       
На 22.03.2025 во 21 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на локалниот пат  с.Боговиње-с.Пирок, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.А.(56) од Гостивар, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 22.ОЗ.2025 околу 14.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на локалниот пат во с.Бузалково, велешко, четирицикл управуван од С.С. (55) од с.Бузалково излетал од патот. С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од страна на полициски службеници од СВР Велес.

23.03.2025 - 13:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега