Close Menu
Press24
    Најново

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18

    Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“

    30.10.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши најави три нови мерки: Министерството за економија и труд обезбеди над 11 милиони денари за фирмите и занаетчиите

    Дурмиши најави три нови мерки: Министерството за економија и труд обезбеди над 11 милиони денари за фирмите и занаетчиите

    15.05.2026 во 10:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата подготвува нов бран на финансиска поддршка насочен кон преработувачката индустрија и домашното производство, кој ќе се реализира преку неколку јавни повици.

    Покрај веќе отворениот повик за набавка на алати и машини, министерот Бесар Дурмиши информираше дека во наредниот период ќе бидат објавени уште два значајни јавни повици во рамки на Програмата за поддршка на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2026 година.

    Првиот дополнителен повик има за цел да им овозможи на домашните капацитети полесен пристап до странските пазари.

    „Првиот јавен повик се однесува на надоместување на дел од трошоците за воведување, имплементација и сертификација на стандарди во преработувачката индустрија, со вкупен буџет од 2 милиони денари. Ќе се кофинансираат 70 отсто од трошоците, до максимум 200 илјади денари по компанија. Со ова сакаме да им помогнеме на компаниите полесно да ги исполнат меѓународните стандарди, да се вклучат во глобалните синџири на добавувачи и да ја зголемат својата извозна конкурентност“, објасни министерот.

    Втората најавена мерка ќе ги стимулира заедничките активности меѓу реалниот сектор и високообразовните институции во земјава.

    За оваа намена се предвидени 5 милиони денари, а кофинансирањето ќе изнесува 70 отсто од трошоците, но не повеќе од 500 илјади денари по проект.

    Според надлежните, токму овој чекор е пресуден за долгорочниот економски развој на државата во време на глобални промени.

    „Токму поврзувањето на бизнис секторот со науката, истражувањето и иновациите е клучно за технолошки напредок, зелена и дигитална транзиција и создавање производи со поголема додадена вредност. Во време на сериозни глобални економски предизвици, наш приоритет е поддршка на домашното производство, знаењето, иновациите и конкурентноста на македонската економија“, истакна Дурмиши.

    На крајот, министерот ги повика сите заинтересирани страни внимателно да ги следат условите, напоменувајќи дека сите детали, услови и потребни документи ќе бидат достапни на веб-страницата на Министерството за економија и труд.

    Прочитај повеќе

    Скокна цената на нафтата

    30.10.2026 во 21:23

    Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни

    30.10.2026 во 15:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.