Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: ВРЕДИ пропадна

    ДУИ: ВРЕДИ пропадна

    01.10.2025 во 09:19Updated:01.10.2025 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Промотивната конвенција на коалицијата ВРЕДИ, одржана синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, јасно го покажа политичкиот реалитет: не само што граѓаните не им веруваат, туку и нивните поранешни поддржувачи ги напуштија. И покрај разулавената пропаганда и нелегалните притисоци од власта, салата остана со празни седишта, додека вистинската жива атмосфера чукаше низ чаршии – од Скопје и Куманово, во Гостивар, Тетово, Кичево па сè до Струга, велат од ДУИ.

    „Народот не одговори на повикот да поддржи проект кој веќе ја изгуби секоја кредибилност и се претвори во голема измама. Причината е јасна: ВРЕДИ не исполни ништо, апсолутно ништо од дадените ветувања. Од големите изборни зборови, денес останаа само разочарување и разобличени лаги:

    • Ветуваа 2.500 вработувања – граѓаните добија нула.

    • Ветуваа 10.000 евра за секој граѓанин – граѓаните добија нула.

    • Ветуваа Албанска академија на науките – го донесоа Додик и српските донации.

    • Ветуваа албанска банка – донесоа српска банка.

    • Ветуваа уставни измени и европска интеграција – го донесоа „српскиот свет“.

    • Ветуваа национални програми – го донесоа српскиот МТЕЛ.

    • Ветуваа почитување на Охридскиот договор – го предадоа во рацете на путинистот Иван Стоилковиќ.

    Бледата конвенција на ВРЕДИ е најјасната фотографија на нивниот неуспех. Албанците веќе ја донесоа својата одлука: тие повеќе не им веруваат, ги напуштија и ги гледаат токму такви какви што се – како огранок на ВМРО кај Албанците.

    На 19 октомври, граѓаните со глас ќе го заверуваат овој вердикт: ВРЕДИ е измама, е „политичкиот франкенштајн“ на Мицкоски, додека ДУИ останува единствената адреса на Албанците за силно, достоинствено и европско претставување“, стои во соопштението од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.