Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ

    17.08.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Дизелот поскапи за повеќе од 20 отсто, следува нов бран на поскапувања

    ДУИ: Дизелот поскапи за повеќе од 20 отсто, следува нов бран на поскапувања

    05.08.2026 во 13:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6 отсто. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, се вели во соопштението од ДУИ.

    „Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа храна, повисоки трошоци за земјоделците и бизнисите, како и нов притисок врз инфлацијата. Секој камион што носи стока до маркетите, секој автобус и секое работно возило денес чини повеќе. На крајот, сето тоа се пресликува во цената што ја плаќа граѓанинот.

    Владата ги остави граѓаните сами пред најголемото поскапување на дизелот во последните години. Додека другите земји интервенираат со намалување на акцизите, субвенции и мерки за заштита на семејствата, кај нас цената се приближува до 100 денари, а платите и пензиите остануваат исти. По ова поскапување следува нов бран на поскапувања. Сметката ќе стигне во секој дом“, стои во соопштението од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.