Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за патниците: Од 1 април повторно летови од Скопје до Дубаи

    04.11.2026 во 10:56

    Почина рускиот научник кој учествуваше во развојот на „Новичок“

    04.11.2026 во 10:55

    Трамп им честиташе на демократите за изборниот резултат: Сработија добра работа

    04.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добри вести за патниците: Од 1 април повторно летови од Скопје до Дубаи
    • Почина рускиот научник кој учествуваше во развојот на „Новичок“
    • Трамп им честиташе на демократите за изборниот резултат: Сработија добра работа
    • Промена од утре: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка
    • Цената на нафтата расте
    • Големи температурни разлики низ Македонија – УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
    • Акција на македонската полиција: Претрес на младо момче заврши со приведување
    • Вучиќ: Криминални банди бараат по милион евра од бизнисмени низ Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Добри вести за патниците: Од 1 април повторно летови од Скопје до Дубаи

    Добри вести за патниците: Од 1 април повторно летови од Скопје до Дубаи

    04.11.2026 во 10:562 Mins Read
    ФОТО: ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По пауза, повторно се воспоставува директната авиолинија меѓу Скопје и Дубаи. Авиокомпанијата „Флајдубаи“ од 1 април 2027 година ќе ги обнови летовите до македонската метропола, со три летови неделно, секој понеделник, четврток и сабота.

    Со враќањето на оваа линија, патниците повторно ќе имаат директна врска со Дубаи, но и можност да продолжат кон голем број меѓународни дестинации преку партнерството на „Флајдубаи“ со авиокомпанијата „Емирати“.

    Од компанијата велат дека обновувањето на летовите до Скопје е дел од нивната стратегија за подобро поврзување на пазарите со ограничен број директни авиолинии до Дубаи.

    Главниот извршен директор на „Флајдубаи“, Гаит Ал Гаит, истакнува дека повторното воспоставување на линијата ќе отвори дополнителни можности за туризам, трговија и културна размена.

    Поголем избор и флексибилност при патувањето најавува и Џејхун Ефенди, виш потпретседател за комерцијални операции и е-трговија во компанијата. Според него, линијата ќе биде погодна за туристите, деловните патници, но и за македонската дијаспора во Австралија и Азија.

    Благодарение на соработката со „Емирати“, патниците од Скопје ќе можат да продолжат кон дестинации како Шангај и Сингапур, додека преку мрежата на „Флајдубаи“ ќе им бидат достапни и Бангкок, Коломбо и Занзибар. Резервацијата ќе може да се направи со една карта, а багажот ќе се регистрира директно до крајната дестинација.

    „Флајдубаи“ првпат ја воведе линијата Скопје – Дубаи во октомври 2012 година. Со нејзиното повторно активирање, авиокомпанијата повторно ќе биде дел од воздушниот сообраќај во Македонија.

    Компанијата располага со флота од 99 авиони „Боинг 737“, а нејзината мрежа опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Промена од утре: Важно известување за граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка

    04.11.2026 во 10:32

    Цената на нафтата расте

    04.11.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.