Дневен хороскоп: Еден знак да не очекува премногу

ОВЕН

Можно е некое време да сте го препуштиле главниот збор на другите, но сте подготвени сега да се вратите на голема врата. Потребно е на саканата личност да и покажете дека ви значи и дека имате сериозни намери. Проблеми со циркулацијата.

БИК

Не очекувајте премногу случувања во текот на денешниот ден. Доста работи би можеле да ве разочараат. Време е со саканата личност искрено да поразговарате околу своите очекувања во иднина. Уморни сте.

БЛИЗНАЦИ

Поволен ден за промени на полето работа, ако сте планирале да одите на друго работно место, ќе имате шанси за тоа. Можете лесно да одите од врска во врска и да менувате партнери. Водете сметка за своите колена.

РАК

Финансиите не ви се силна страна во моментов. Доста работи ве отповаруваат и загрижени сте. Тешко ги покажувате своите чувства затоа што стравувате дека ќе бидете многу повредени. Внесувајте повеќе витамини.

ЛАВ

Не ви е поволен ден за одлуки на полето работа. Можно е доста работи да бидат како досега. Партнерот ќе покаже дека е подготвен да прави сериозни планови за заедничка иднина со вас. Чувајте се од алергии.

ДЕВИЦА

Ве очекува период во кој ќе имате понуда за промена на работното место. Пред вас е поволен ден. Дошло време да бидете отворени кон саканата личност кога се во прашање вашите чувства. Пад на имунитетот е нагласен.

ВАГА

Ако бидете брзи, може многу лесно да направите некоја грешка. Имате големи шанси за ново познанство денеска. Подгтовени сте за почеток на нова врска. Срцеви пречки.

ШКОРПИЈА

Не сте сега подготвени за промени кога е во прашање работата и работите она што можете за да ја одржите моменталната ситуација. Неповолен ден за познанства, на полето љубов сега некако се повлекувате во себе. Избегнувајте тешка храна.

СТРЕЛЕЦ

Доколку сте планирале да се посветите на обврските сега е добар период така да направите. Можно е да морате малку повеќе да се посветите на саканата личност која чека на вашето внимание. Избегнувајте цигари.

ЈАРЕЦ

 

Може да се надевета на почеток на соработка со личност која ќе ви отвори врати кон некои нови можности. Поволен ден за средба со саканата личност, особено ако сте во врска на далечина. Размислувате за диета.

ВОДОЛИЈА

Не сте задоволни од ситуацијата на работното поле и работите се што можете за да остварите промена. Ги преиспитувате своите чувства и доаѓате до заклучок дека партнерот повеќе не го гледате со исти очи. Проблеми со синусите.

РИБИ

Подготвени сте за нови одлуки на полето работа. Ќе дадете свој максимум за да остварите што подобра ситуација на ова поле. Можно е да сте подготвени да направите прв чекор за да ја освоите симпатијата. Проблеми со нервоза и несоница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2021 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега