Падна покрив во ноќен клуб, најмалку 15 загинати и над 100 повредени во во Доминиканската Република

 


Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако рано утрово падна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, соопштија властите.

Екипите бараа преживеани во урнатините во „Џет Сет“ во Санто Доминго, изјави Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции.

-Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи, и затоа властите овде нема да се откажат додека ниту еден човек не остане под тие урнатини, рече тој.

Меѓу повредените е и пејачката Руби Перез, која настапувала кога се урнал покривот, соопштија официјални лица.

Претседателот Луис Абинадер напиша на „X“ дека сите спасувачки агенции „работат неуморно“ за да им помогнат на погодените.

-Длабоко жалиме за трагедијата што се случи во ноќниот клуб „Џет Сет“. Го следиме инцидентот од минута во минута откако се случи, напиша тој.

Не е јасно што довело до уривање на покривот.

08.04.2025 - 16:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега