Четири пати го избодел татко му за да ја одбрани мајка си: Бојан спиел со нож од страв

 


Младиот Бојан Паниќ (19) признал дека го убил татко му затоа што сакал да ја заштити мајка си од долгогодишното насилство кое го трпела, а обдукцијата покажала дека младиот човек ја кажал вистината на полицијата.

Имено, изјавата на Бојан пред карабинерите се поклопува со обдукцискиот наод добиен денеска. Симеон (46) имал најмалку четири убодни рани во грбот, а смртта настапила меѓу четвртокот и петокот во семејната куќа во Меколомбардо, во провинцијата Тренто.

Раните на телото на убиениот татко се поклопија со приказната на Бојан дека се однесувал заштитнички и сакал само да ја спаси мајка си од дополнително малтретирање. Бојан со себе имал нож на преклопување, кој истражителите подоцна го пронашле во куќата и го одзеле неколку часа по убиството.

На распитот Бојан признал дека ножот го држел кај себе кога спиел од страв дека татко му ќе и наштети на мајка му. Го зграпчи штом слушна дека мајка му е во неволја и вреска.

Го видов во полумрак како се наведнува над нашата мајка, која врескаше.

Конечниот извештај од обдукцијата ќе вклучува и други анализи, почнувајќи од токсиколошки тестови.

Второто рочиште е закажано за во среда, на 9 април, но според адвокатот на 19-годишниот Бојан најверојатно ќе се брани молчејќи бидејќи е шокиран од настанатата ситуација.

Инаку, тој моментално е на слобода бидејќи судиите не гледаат можност за бегство и не веруваат дека треба да изречат построги мерки на претпазливост.

Мајката и помалиот син ја потврдиле приказната на Бојан и на распитот рекле дека Симеон пијан дошол дома и ја нападнал сопругата.

Семејството Паниќ, по потекло од Босна и Херцеговина, со години живеело во Италија, каде Симеон работел како ѕидар, додека неговата мајка Милка била продавачка и повремено работела во блискиот хотел.

08.04.2025 - 22:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега