Четирицикл удрил во пешаци во Битолско: четворица повредени
Четворица повредени откако четирицикл удрил двајца пешаци на регионалниот пат Меџитлија - Старавина, во близина на Битола.
Како што соопшти МВР, четирициклот бил управуван од 36-годишниот Н.Ј. од Новаци. Со него удрил во двајца пешаци на 25 и 36-годишна возраст, двајца од Прилеп.
- Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битолa, велат од МВР.
26.08.2025 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа