Вреди поднесе пријава против Бујар Османи

 


Коалицијата Вреди денеска до Јавното обвинителство (ЈО) поднесе пријава против кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи откако, како што обвинуваат од коалицијата, ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за организација на ОБСЕ Самитот што се одржа во Скопје во ноември 2023 година, без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи.

-Вреди денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се потрошени за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција. Тоа отвора сериозни сомнежи за злоупотреби на јавни пари. Нема докази каде се потрошени пари. Јавното обвинителство мора да истражи. Ова не првпат. И како министер за здравство, Османи доби негативен извештај, а институциите го амнестираа. Денес нема да дозволиме да го гледаме истото сценарио во кое судството и обвинителството молчат. Граѓаните заслужуваат отчетност и правда. ВЛЕН нема да молчи“, истакна Гранит Османи од Вреди на денешната прес-конференција пред Јавното обвинителство.

26.08.2025 - 15:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега