Димитриевски: Наставниците треба да имаат повисоки плати од полицијата

Истакнувајќи дека држвата се соочува со социо-економска, но и енергетска криза, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски потенцираше дека Македонија е можеби една од ретките земји во светот каде платите во воспитно-образовната дејност се многу под платите на полицијата.

Според него, тоа е недозволиво.

“Не сакам да кажам дека платите на полициските службеници се големи, тие ги заслужуваат тие плати, но во секое демократско општество кое има амбиции да се развива првенствено платата на тие кои се во сегментот на образованието треба да биде над нивото на просечните плати и дополнителните плати во секторот на безбедноста, бидејќи сепак тоа се луѓето кои ги создаваат идните генерации”, изјави градоначалникот Димитриевски.

30.04.2022 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега