Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

    Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

    06.10.2025 во 12:232 Mins Read
    Angel Angelovski photo
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во емотивен говор на промоцијата на кандидатурата за градоначалник и советничката листа за Општина Центар, изнесе серија причини и аргументи зошто Мирослав Лабудовиќ е најдобриот можен избор за градоначалник на централната скопска општина.

    „Иако можеби сме различни по карактер, јас во секој твој збор се препознавам себе си,“ рече Димитриевски. „Ти посакувам да ја шириш таа твоја позитивна енергија низ Центар, низ центарските маала, па и пошироко за да видат луѓето кој е тој Мирослав Лабудовиќ што ја доби можноста да биде кандидат на ЗНАМ во Општина Центар.

    Фаворит кој на следните избори ќе оствари извонреден резултат. Сакам да ве уверам сите дека со својата инженерска прецизност, заедно со твојот тим, по четири години ќе бидеш подобар градоначалник од Максим Димитриевски, затоа што сум сигурен дека ќе управуваш успешно и ќе нижеш успеси со општината.“

    Димитриевски ги повика присутните на конвенцијата со сета енергија што ја поседуваат да тропнат на вратата на секој дом во Центар и да му дадат поддршка на Лабудовиќ, уверувајќи ги граѓаните дека ЗНАМ го има најдобриот можен кандидат што ќе ја предводи општината во следниот мандат, како и најквалитетните кандидати за советници на нивните листи. „Кандидатите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не се борат за власт. Ние се бориме за одговорност, да преземеме одговорност, да управуваме со општините и да работиме во интерес и за доброто на сите граѓани. Затоа што ние сме излезени од народот, работиме за народот и ќе работиме исклучиво за него, а не на кој било друг начин,“ нагласи Димитриевски.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.