20 јули 2026 година, Скопје -Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во справувањето со последиците од кризата на Блискиот Исток.
„Внимателно ја следиме состојбата и реагираме навремено, со цел да ги заштитиме стопанството и животниот стандард на граѓаните“, наведе министерката во објавата.
Таа истакна дека со интервенцијата во акцизата ќе се придонесе за стабилизирање на цените на нафтените деривати, а индиректно и за одржување на стабилноста на останатите цени.
„Со ваков одговорен пристап ќе продолжиме и во наредниот период. Ќе ја следиме состојбата и ќе носиме навремени, конкретни и реални мерки за поддршка на економијата и граѓаните, со цел да го заштитиме животниот стандард и да ја зачуваме економијата, која од почетокот на нашиот мандат бележи тренд на забрзан раст“, наведува министерката во објавата.
- Постапка за измами на граѓани со „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации
- Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан
- Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
- СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа
- Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
- Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД
- Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек
- Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

