Close Menu
Press24
    Најново

    Девет полицајци обвинети за непостапување по пријавите на Росица – обвинителството со детали

    18.11.2026 во 19:31

    Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

    18.11.2026 во 19:08

    Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба

    18.11.2026 во 18:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Девет полицајци обвинети за непостапување по пријавите на Росица – обвинителството со детали
    • Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа
    • Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба
    • 11-годишно дете нападнато со дрвен предмет од 63-годишен маж
    • Потоп во Белград: Силното невреме ги поплави улиците, сообраќајот целосно блокиран
    • МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување
    • Пленковиќ: Хрватска нема да прави отстапки за Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ
    • Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Девет полицајци обвинети за непостапување по пријавите на Росица – обвинителството со детали

    Девет полицајци обвинети за непостапување по пријавите на Росица – обвинителството со детали

    18.11.2026 во 19:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука  од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

    Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција презеде опсежни истражни дејствија со кои утврди дека обвинетите, во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност,  потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права.

    Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, непочитувајќи ги одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, Правилникот за начинот за процена на ризик од сериозна опасност по животот и  физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите од нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, Правилникот  за вршење на полициските работи и Законот за полиција.

    Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не  го известиле надлежниот  јавен обвинител за да добијат  понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка.

    Прочитај повеќе

    11-годишно дете нападнато со дрвен предмет од 63-годишен маж

    18.11.2026 во 18:41

    МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување

    18.11.2026 во 18:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.