Депортиран скопјанец уапсен на аеродромот во Скопје

МВР информираше дека вчера во 20:30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје во Република Македонија како депортирано лице допатувал 34-годишниот Џ.А. од Скопје.

По извршените пасошки и оперативни проверки утврдено било дека евидирал со мерка „апси“, по наредба од Основен Суд Скопје-1. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за спровод во КПУ-Затвор Идризово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега