Денеска не очекува облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека на планините ќе паѓа снег.
Во текот на денот ќе има појава на магла по одредени котлини, а ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6, додека максималните ќе достигнат до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и магловито. Во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд, а температурите ќе се движат од 1 до 6 степени.
Според прогнозата на УХМР:
„До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.“

