Две лица од Република Албанија, 26-годишниот К.Л. и 16-годишна малолетничка, се лишени од слобода вчеравечер во Тетово по инцидент поврзан со паркирање. Според СВР Тетово, инцидентот се случил околу 16:00 часот. П.И. (34) од Тетово пријавил дека по вербална расправија за паркирано возило „фолксваген“ со албански таблички, бил физички нападнат. Во нападот, К.Л. се обидел да употреби остар предмет, додека малолетничката го удрила тетовецот со тврд предмет. Полицијата ги пронашла и привела сторителите во 20:00 часот, а по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
- (ФОТО) Геополитички земјотрес: Иранските „Шахаб-3“ проектили можат да стигнат до Европа
- МНР извојува 60 милиони за да ги врати Македонците дома: Јавна набавка за организација на чартер-летови
- Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата
- ОН згрозени од нападот врз училиште во Иран: Над 160 загинати деца во Минаб
- Ковачевски: Цените на храната растат, зошто не се применува Законот за нефер трговски практики?
- Дурмиши: Десетпати повисоки казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот
- Перински и Андонов на терен – Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура
- (ВИДЕО) Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред

