Дали Османи излезе од игра, а Меџити ќе биде вицепремиер?
Порталот на албански јазик, Алмакос, повикувајќи се на извори од ДУИ дознава дека по бунтот од завчера, во Мала Речица сега е постигнат мир.
Така, според изворите на порталот, Бујар Османи ќе биде оставен надвор од игра, и на негово место ќе дојде Изет Меџити како вицепремиер, додека Артан Груби ќе биде министер за надворешни работи (функција што претходно беше планиран да ја извршува Османи).
Ова е потврдено со фактот дека денес Собранието треба за започне седницата за да се гласа за реизбор на Талат Џафери за втор мандат на функцијата спикер, а на предлогот за избор на Џафери, според информациите во медиумите се потпишале и двајцата пратеници од ДУИ, Изет Меџити и Арбен Зибери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа