Close Menu
Press24
    Најново

    Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси

    29.10.2026 во 19:27

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дај 300.000 евра или ќе те убијам: Сериозни закани за познат скопски бизнисмен

    Дај 300.000 евра или ќе те убијам: Сериозни закани за познат скопски бизнисмен

    10.10.2025 во 10:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение дека изнудувал 300.000 евра од Роберт Хот, на кого му се заканувал со ликвидација доколку не ја исплати бараната сума, јави Плусинфо.

    Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот бизнисмен Роберт Хот пријавил дека непознато лице со сериозни закани по неговиот живот бара огромна сума пари. Полицијата веднаш постапила и во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје започнала тајна акција за спречување на изнудата.

    На 8 октомври 2025 година, во рамките на полициските активности, од оштетениот биле привремено одземени 20.000 евра во различни апоени, кои биле крим-технички обработени заради идентификација. По утврдување на нивната оригиналност, парите му биле вратени на Хот, за да ги предаде на сторителот кој требало да ги земе следниот ден во неговата канцеларија.

    На 9 октомври, при самото примопредавање на парите, полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле заседа и го уапсиле осомничениот Сологуб. Кај него биле пронајдени обработените 20.000 евра и патна исправа на Република Босна и Херцеговина.

    Лицето е задржано за понатамошна постапка, а полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуални соучесници.

    Прочитај повеќе

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47

    Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин

    29.10.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.