Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ги објави температурите во 14 часот: Најтопло во Демир Капија и Гевгелија
    • ВМРО и ДУИ се договорија за предвремени избори
    • Николоски: Го отвораме Скопје и Македонија кон најмалку две пристаништа
    • Филипче објави документ: Владата „под маса“ обезбедила 100 мегавати струја и пристап до Вардар за дата-центар
    • Филипче: Ковачевски може да каже што сака – ние сме демократска партија
    • Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од лажен директор на финансиско друштво
    • Филипче: Изградбата на дата-центри може да ги остави земјоделците без вода и да ја поскапи струјата
    • Филипче: ВМРО и ДУИ се договорија за предвремени избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, децата ми трпеа за нешто за што не се виновни

    Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, децата ми трпеа за нешто за што не се виновни

    24.12.2025 во 11:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, соопшти дека по долгогодишна правна битка, македонските судови донеле пресуди во негова корист. Судот утврдил дека одземањето на неговиот безбедносен сертификат и отпуштањето од работа во Агенцијата биле целосно незаконски и политички мотивирани.

    „Денес ви се обраќам не само како Наќе Чулев, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, туку пред сè како човек и родител кој помина низ години на понижување, клевети и неправда. Со години бев цел на организирана кампања на дезинформации и политички прогон од претходната власт. Незаконски ми беше одземен безбедносниот сертификат и незаконски бев отпуштен од работа. По долга и исцрпувачка борба, судовите во Македонија тоа јасно го утврдија и го запишаа во своите пресуди. Тоа беа години на јавно понижување и дискредитација, медиумски конструкции и лажни наративи, како и силен притисок врз моето семејство и моите деца. Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука и затоа што јавно зборував за корупцијата и аномалиите во системот“, истакна Чулев.

    Тој посочи дека по долги судски процеси, судовите утврдиле дека одземањето на безбедносниот сертификат и неговото отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекува институциите да постапат, а сторителите да одговараат.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Го отвораме Скопје и Македонија кон најмалку две пристаништа

    26.08.2026 во 14:21

    Филипче објави документ: Владата „под маса“ обезбедила 100 мегавати струја и пристап до Вардар за дата-центар

    26.08.2026 во 14:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.