Четири војници ги загубија животите откако воен хеликоптер се урна во турската провинција Малатија, објави весникот „Хуриет“.
Според официјалното соопштение од Министерството за национална одбрана на Турција, станува збор за хеликоптер од типот „-70“ кој паднал во областа Саманкој, во округот Јешилјурт.
Од Министерството потврдија дека никој од екипажот не го преживеал ударот и дека сите четворица војници кои се наоѓале во леталото загинале на местото на несреќата.
Причините за падот на хеликоптерот засега не се познати. Министерството за национална одбрана упати сочувство до семејствата на загинатите, турските вооружени сили и нацијата.

