Полицијата приведе 56-годишен жител на валандовското село Прстен, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена ловечка пушка и муниција за кои немал дозвола.
Претресот бил извршен на 12 ноември, со судска наредба, а полициските службеници од Валандово ја одзеле пушката „Застава“ калибар 12 милиметри, како и ловечката муниција.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на настанот, против 56-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

