Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Загреб: Четири медицински лица осомничени за тешко убиство на пациент во психијатриска болница

    13.11.2026 во 09:41

    Исплатите на депозити на клиентите на Алта банка започнуваат

    13.11.2026 во 09:30

    Моделите Skoda Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq итно се повлекуваат: Возачите се изложени на ризик

    13.11.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Загреб: Четири медицински лица осомничени за тешко убиство на пациент во психијатриска болница
    • Исплатите на депозити на клиентите на Алта банка започнуваат
    • Моделите Skoda Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq итно се повлекуваат: Возачите се изложени на ризик
    • Предупредување од УХМР: Издаден метеоаларм за денеска
    • Стефковски: „Убав ден за Инџиково, нека е аирлија”
    • Дневен хороскоп: Еден знак го очекува финансиски успех, друг ќе доживее љубовно изненадување
    • Семејна драма во Македонија: Инцидент меѓу двајца браќа, интервенирала полицијата
    • Сиљановска не го потпиша Законот за јавни набавки – Собранието повторно расправа за спорниот член
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија во Загреб: Четири медицински лица осомничени за тешко убиство на пациент во психијатриска болница

    Трагедија во Загреб: Четири медицински лица осомничени за тешко убиство на пациент во психијатриска болница

    13.11.2026 во 09:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш во психијатриската болница „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир ја потресе јавноста. Снимките од болничкиот видеонадзор откриле вознемирувачки детали за постапувањето на медицинскиот персонал кон пациент кој бил врзан за кревет, а случајот резултираше со кривична истрага против четворица медицински техничари.

    Периш, поранешен атлетичар и спортски тренер, починал на 21 октомври, само неколку часа откако доброволно бил примен во установата со помош на полицијата и Итната помош. Според полициските информации, кога службениците претходно го затекнале на клупа, тој не покажувал агресивно однесување.

    Меѓутоа, снимките од надзорните камери покажале дека неколку часа подоцна, додека рацете и нозете му биле фиксирани со ремени, тој бил изложен на грубо физичко постапување. Според медиумските извештаи, перница му била притискана врз главата повеќе од осум минути, додека други вработени вршеле притисок со колена врз неговиот грст и врат. Кога персоналом забележал дека тој повеќе не реагира, неуспешно се обиделе да го реанимираат.

    Прелиминарната обдукција открила повеќебројни повреди, меѓу кои скршени ребра, повреда на градната коска и отоци на белите дробови и мозокот. Полицијата поднесе кривична пријава за тешко убиство, а судот им определи истражен притвор на осомничените техничари, додека болницата им врачила вонредни откази.

    Семејството, преку адвокатот Леон Зрниќ, уште на 23 октомври поднело пријава и побарало зачувување на снимките, отфрлајќи ги тврдењата дека Периш бил агресивен или зависник. Дополнителни реакции предизвика фактот што раководството на болницата ја пријавило смртта во Министерството за здравство дури на 7 ноември, поради што инспекцијата утврдува зошто имало доцнење.

    Случајот отвори сериозни прашања за безбедноста и протоколите во психијатриските установи, додека организациите за заштита на менталното здравје бараат целосно испитување на одговорноста на целото раководство.

    Прочитај повеќе

    Исплатите на депозити на клиентите на Алта банка започнуваат

    13.11.2026 во 09:30

    Моделите Skoda Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq итно се повлекуваат: Возачите се изложени на ризик

    13.11.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.