Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи со критики: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

    Битиќи со критики: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

    04.06.2026 во 12:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ ја обвини власта за манипулација со економските показатели и вештачко прикажување на економски раст во услови кога граѓаните се соочуваат со висок ценовен притисок.

    На денешната прес-конференција, пратеникот Фатмир Битиќи истакна дека изнесените статистички податоци од страна на премиерот не соодветствуваат со реалната куповна моќ и животниот стандард на граѓаните.

    „Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП“. Но и во едниот и во другиот случај станува збор за иста политичка намера, од една статистичка бројка да се направи економски бајка, додека граѓаните живеат во кошмарна економска реалност.“

    Битиќи посочи дека најновиот извештај на Државниот завод за статистика за растот на БДП од 3,1% всушност се темели на финалната потрошувачка која има учество од дури 86,4%.

    „Растот главно доаѓа од потрошувачката, а потрошувачката расте во услови на високи цени, односно инфлација. Кога граѓаните плаќаат повеќе за истите производи, номиналната потрошувачка расте. Но тоа не значи подобар живот, тоа значи поскап живот. Ако БДП расте 3,1%, а инфлацијата е 5,7%, тогаш цените растат побрзо од економијата. Во реалноста, граѓаните трошат повеќе пари, а дома носат помалку производи.“

    Според пратеникот на опозицијата, цените на храната и пијалаците на годишно ниво се зголемени за околу 8%, додека домашната инфлација е значително повисока од онаа во Европската Унија.

    Тој презентираше и детални податоци за падот на бројот на работници во индустријата, растот на цените на становите и падот на странските директни инвестиции во првиот квартал.

    „Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото – на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари може да се купат 2 килограми цреши по 140 денари, 1,5 килограм праски по 95 денари, 1,5 килограм кајсии по 130 денари, една табла од 30 јајца за 275 денари и само 150 грама пилешки стек. Значи, една илјадарка едвај покрива неколку килограми сезонско овошје, една табла јајца и мало парче месо. Владата може да слави проценти, но граѓаните секој ден бројат денари.“

    На крајот, Битиќи предупреди на опасностите од финансирање на ликвидноста преку нови задолжувања, нагласувајќи дека јавниот долг веќе се приближува до рекордна бројка.

    „Јавниот долг со новото задолжување од 260 милиони евра се приближува до 11,1 милијарди евра. Имаме економски модел во кој Владата се обидува денес да добие политичка корист, за која граѓаните утре ќе ја платат цената. Раст на БДП кој се храни од инфлација не носи развој, раст кој се потпира на долг не води кон сигурност и раст кој не ја зголемува куповната моќ на граѓаните не е успех.“

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.