Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Без возачка дозвола и со лажни регистарски таблички превезувал мигранти од Турција, Пакистан и Авганистан

    Без возачка дозвола и со лажни регистарски таблички превезувал мигранти од Турција, Пакистан и Авганистан

    25.07.2026 во 11:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Седум лица мигранти напикани во патничко возило „фиат стило“ со туѓи таблички и возач без возачка дозвола е дивиот шверчерски потфат што го пресекоа граничните полицајци кај Гевгелија.

    Инцидентот се случил на крстосницата меѓу локалниот пат од селото Богородица и регионалниот пат кон Богданци, кога полициска патрола го сопрела возилото со австриски ознаки за редовна контрола.

    При прегледот на автомобилот, полицајците затекнале четири лица од Пакистан, две од Авганистан и едно лице од Турција, кои биле превезувани илегално.

    Дополнителната проверка открила дека 36-годишниот возач Д.К. од Струмица управувал без возачка дозвола, а регистарските таблички воопшто не му припаѓале на возилото, со што направил серија тешки кривични дела.

    За случајот веднаш е известен јавен обвинител, а мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

    Против струмичанецот ќе биде поднесена кривична пријава по членовите за криумчарење мигранти, фалсификување исправа и безобѕирно управување со моторно возило.

    • „На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.
    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.