Бербок: Одделни држави не треба да ги блокираат одлуките на ЕУ
ЕУ повеќе не може да си дозволи одделни членки да ги блокираат нејзините одлуки, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.
„Гласањето со квалификувано мнозинство може да доведе до поправедни резултати за сите нас. Треба да бидеме способни да дејствуваме брзо и ефикасно“, рече таа за време на посетата на португалскиот главен град Лисабон.
Бербок посочи дека членките на ЕУ често не може ниту да изготват соопштение за медиумите бидејќи не може да се договорат за времето на неговата содржина.
04.01.2023 - 15:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа