Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на Феро Инвест на „Енергетика 2026“

    Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на Феро Инвест на „Енергетика 2026“

    03.10.2026 во 10:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ со стручен труд и учество на панел-дискусија за интеграцијата и значењето на батериските системи во современата енергетика ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС (Energy Maintenance Solutions) учествуваа на Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ на ЗЕМАК во Струга, каде дел од стручниот придонес на компаниите беше насочен кон една од најактуелните области во енергетиката – батериските системи за складирање на електрична енергија и нивната интеграција со производството од обновливи извори.

    Во рамките на конференциската програма, Стефани Георгиевска, електроинженер во Сектор Солар во ФЕРО ИНВЕСТ, го презентираше стручниот труд „Интеграција на систем за складирање на електрична енергија во фотоволтаична централа – техничка и економска анализа“. Трудот беше базиран на конкретен проект реализиран од ФЕРО ИНВЕСТ – изведена фотоволтаична централа со интегриран батериски систем, и преку практичен пример ја анализираше интеграцијата на батериските системи од два клучни аспекта – технички и економски.

    На тој начин беа претставени реални инженерски искуства и податоци од имплементирано решение, особено значајни во услови на зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори и сè поголема потреба од нејзино ефикасно складирање и користење во периодите кога е најпотребна.

    На темата за батериските системи се дискутираше и во рамки на панелот „Од обновлива кон сигурна енергија: Како складирањето ја менува енергетската иднина“, на кој учествуваше Војдан Андонов, раководител на Сектор Солар во ФЕРО ИНВЕСТ.

    Во фокусот беа улогата на складирањето на електричната енергија, интеграцијата на батериските системи со обновливите извори и нивното значење за поголема флексибилност и сигурност на електроенергетскиот систем. ФЕРО ИНВЕСТ во изминатиот период го развива својот инженерски капацитет во областа на батериските системи, со пристап кој го опфаќа целиот процес – од анализа и проектирање, избор и димензионирање на системот, до изведба, интеграција, пуштање во работа, мониторинг и одржување.

    На тој начин, батериските системи се третираат како интегрален дел од енергетското решение, а не само како дополнителна опрема на фотоволтаичната централа. На конференцијата ФЕРО ИНВЕСТ и компаниите од групацијата беа претставени и преку изложбен штанд, додека ЕМС (Energy Maintenance Solutions) беше и спонзор на настанот. ЕМС е македонска компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ специјализирана за изведување на енергетски објекти, како и за технички прегледи, испитување, анализа и одржување, обезбедувајќи стручна поддршка во различни фази од нивниот животен циклус.

    Со учеството на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа дел од стручната размена на знаење и искуство за прашања кои стануваат сè позначајни со забрзаниот развој на обновливите извори на енергија и потребата од нивна сигурна и ефикасна интеграција во електроенергетскиот систем.

    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

    06.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.