Цел Балкан е зафатен од екстремно високи температури кои достигнуваат и над 40 степени. Времето денеска во Србија ќе биде претежно сончево и многу топло, со повремена умерена облачност на северот, а највисоката температура ќе се движи од 36 до 40 степени, локално и до 42 степени, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.
Ќе дува слаб до умерен ветер, во Војводина и планинските предели повремено и силен, од јужен и југозападен правец, а во јужен Банат од југоисточен правец.
До крајот на оваа и на почетокот на следната недела времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Само во сабота и недела попладне, главно во ридско-планинските предели, се очекуваат краткотрајни врнежи со можност за грмежи.
Во Македонија УХМР најави дека ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Утре и во сабота времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Во недела и во следните неколку дена, во попладневните часови ќе има локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата постепено ќе опаѓа.


