Водовод упати известување до јавноста за деловите од Скопје кои денеска ќе останат без вода.
-Ве известуваме дека на ден 21.08.2026 г. поради дефект на приклучна цевка на ул. Ѓорѓе Андреевиќ-Кун бр.18 Б во населба Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Ѓорѓе Андреевиќ-Кун, Благоја Мучето, Архитект Сотир Томовски, Димитар Благоев и дел од улиците Митре Влаот и Гаврил Константиновиќ, стои во соопштението на Водовод и Канализација Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување со активностите.


