УХМР најавува многу топол викенд со температури до 40 степени, и промена од недела.
Денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во сабота сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во недела променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.


