Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од ВРЕДИ сè уште ниту збор. Ова денеска го велат ДУИ во партиско соопштение.
-Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните. Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, нека ги прифатат предвремените избори, велат од ДУИ.
Во партиското соопштение на ДУИ се наведува дека молкот на ВРЕДИ веќе е одговор: „Се плашат од граѓаните и од пресудата што ги очекува”.


