Дивечот во НП Пелистер после интензивираните активности на ренџерската служба се почесто може да се забележи во неговите живеалишта во зоната на активно управување и во зоната на строга заштита. Ова стои во соопштение од Националниот Парк Пелистер.

На фотографиите од фотозамките лесно може да се забележи каде дивечот се движи, колкава е неговата бројност, во каква здравствена состојба се наоѓа и како во секојдневието функционира како дел од синџирот на исхрана.

-На првата фотографија можи да се збележи волк(Canis lupus) во улога на предатор како се движи со својот плен(срндач – Carpeolus carpeolus).

На втората фотографија после долго време на интензивен мониторинг забележана е дивокоза(Rupicapra rupicapra)

Третата фотографија го опишува движењето на дива свиња(Sus scrofa) во група. Ова е карактеристично за овој животински вид на Пелистер.

На останатите фотографии ќе ја забележите и дивата мачка која често пати можи да биди помешана со рисот од страна на посетителите на НП Пелистер. Дивата мачка има свои карактеристики и во значителна мера се разликува од Балканскиот рис, велат од Националниот Парк.

Exit mobile version