Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бакарот повторно соборува рекорди, Кореја купува однапред, а Македонија не гокористи својот потенцијал
    • Силно невреме ја зафати Германија: Има загинати, повредени и огромни штети
    • ВМРО-ДПМНЕ со споредба: „Платите растат 70%, а пензиите 325% побрзо“
    • Се судрија авион и полициски хеликоптер, има загинат – Трагедија на аеродром во САД
    • ФОТО: Не наседнувајте на лажни пораки за сообраќајни казни во име на МВР – граѓаните добиваат лажни СМС пораки
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: „Од водата до нилската треска – СДС креира хистерија затоа што нема аргументи“
    • СДСМ до Мицкоски: „Нека објави официјални податоци, не лична анализа“
    • ВРЕДИ со обвинувања до ДУИ: „Кој му го врзал јазикот на Бујар?“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бакарот повторно соборува рекорди, Кореја купува однапред, а Македонија не гокористи својот потенцијал

    Бакарот повторно соборува рекорди, Кореја купува однапред, а Македонија не гокористи својот потенцијал

    20.08.2026 во 09:494 Mins Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_gwxms8gwxms8gwxm
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цената на бакарот повторно се приближува до рекордните нивоа на Лондонската берза за метали, што е сигнал за сè поограничената понуда на овој метал на светскиот пазар. Цената се движи кон нивото од над 14.500 долари за тон, достигнато во јануари.

    Во услови на вакви цени, Македонија има можност да го искористи сопствениот ресурсен потенцијал, но во земјата и понатаму работи само еден рудник за бакар – „Бучим-Боров Дол“, со производство од околу 8.000 тони годишно.

    Речиси двојно поголемо производство, односно до 16.000 тони бакар годишно, е предвидено со проектот „Иловица-Штука“. Неговата реализација би значела дополнителни приходи за државниот буџет преку концесиските надоместоци, но и поголеми приходи за општините во југоисточниот регион.

    Претходно не се реализираа обидите за инвестиции во бакар во Казандол и Кожуф, па „Иловица-Штука“ останува единствената активна најава за нова инвестиција во ископ на бакар во земјата.

    И покрај критиките кон проектот, „Иловица-Штука“ доби поддршка од дел од експертската јавност, како и од локалната иницијатива „И здравје и работа“. „Можеме да имаме и екологија и современо рударство. Прашањето е само дали Македонија ќе има храброст да го следи тој пат и да ги стави своите ресурси во функција на развојот, со највисоки стандарди и строга институционална контрола.

    Македонија не смее да дозволи стравот и нестручните проценки да ја блокираат
    иднината“, соопштија од иницијативата.

    Инаку, тековната криза во снабдувањето со бакар е поттикната од порастот на увозот на САД, дополнета со очекувања за нови одлуки за тарифи за метали. Залихите на бакар сега се концентрирани во САД, бидејќи трговците се обложуваат дека претседателот Доналд Трамп ќе воведе царини за рафинираниот метал.

    Исто така, расте увозот и во Кина, зашто тамошните топилници ги исцрпуваат залихите на бакарна руда, а земјата силно инвестира во нова електропреносна мрежа, како и за потребите на центрите за вештачката интелигенција и производство на електрични возила и ветерници. Сето ова доведе до намалување на складираните залихи на светско ниво, а тоа се одрази и на цените на берзата. Залихите на бакар во август се паднати за половина во споредба со количествата од средината на мај.

    Залихите што ги следи Лондонската берза на метали моментално се малку над 200.000 тони руда, што е најнизок обем од февруари годинава.

    Инвеститорите се повеќе вложуваат за изнаоѓање на металот и расте предизвикот во индустријата за пронаоѓање и финансирање на нови рударски јами.
    „Зголемената цена за краткорочна испорака на бакар укажува на континуиран недостиг на достапен метал. Очекуваме овие ограничувања на понудата да го одржат пазарот ваков и во блиска иднина, особено ако побарувачката остане отпорна“, оценува Ева Мантеј, стратег во холандската финансиско-консултантска групација ИНГ.

    Австралиската групација BHP, која е најголем по обем производител на бакар со
    рудници низ светот, објави значително подобра од очекуваната годишна заработка.

    Приходите се поттикнати од рекордните цени на бакарот, што ја зацврстија предноста на црвениот метал во споредба со останатите метали. Бакарот генерирал 18,19 милијарди долари оперативна заработка во годината.
    „BHP е во добра позиција да произведува дури 40% повеќе бакар до 2035 година, или 2 милиони тони годишно. Се очекува побарувачката за бакар да порасне на повеќе од 50 милиони тони годишно до 2050 година, за разлика од 34 милиони тони оваа година“, изјави извршниот директор на компанијата Брендон Крег.

    Од друга страна, државната кредитна агенција на Јужна Кореја најави дека ќе позајми една милијарда долари на швајцарската компанија „Гленкор“, во замена за сигурно снабдување со бакар за корејските компании, обезбедувајќи пристап до металот кој е сè позначаен за вештачката интелигенција и енергетската инфраструктура.

    „Преку ова финансирање ќе можеме да обезбедиме стабилно снабдување со клучни материјали за синџирите на снабдување во напредната индустрија на Кореја“, соопшти државната „Ексимбанк“.

    Договорот го нагласува стремежот на Јужна Кореја за зајакнување на економската безбедност, бидејќи зголемените инвестиции во центри за податоци, електрични мрежи и опрема за обновлива енергија ја зголемуваат побарувачката за бакар.

    Земјата се потпира на увоз на индустриски метал, оставајќи ги своите напредни производствени индустрии изложени на прекини во снабдувањето и стеснување на глобалните пазари.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со споредба: „Платите растат 70%, а пензиите 325% побрзо“

    20.08.2026 во 09:28

    ФОТО: Не наседнувајте на лажни пораки за сообраќајни казни во име на МВР – граѓаните добиваат лажни СМС пораки

    20.08.2026 во 09:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.