Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден објавува Журнал.мк
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ со споредба: „Платите растат 70%, а пензиите 325% побрзо“

    ВМРО-ДПМНЕ со споредба: „Платите растат 70%, а пензиите 325% побрзо“

    20.08.2026 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Економските показатели покажуваат забрзан раст на платите и пензиите во периодот на актуелната влада, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    Од партијата наведуваат дека просечната плата од јули 2024 до мај 2026 година растела за 70 отсто побрзо на месечно ниво отколку во периодот од јуни 2017 до мај 2024 година, кога на власт беа СДС и ДУИ.

    Според податоците што ги презентира ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата во јуни 2017 година изнесувала 22.808 денари, а до мај 2024 година достигнала 41.252 денари. Тоа претставува зголемување од 18.444 денари во 84 месеци, односно просечен месечен раст од околу 220 денари.

    Во јули 2024 година просечната плата била 40.961 денар, додека во мај 2026 година достигнала 49.544 денари. За 23 месеци, според ВМРО-ДПМНЕ, платата пораснала за 8.583 денари, односно просечно за околу 373 денари месечно.

    Од партијата посочуваат и на растот на старосните пензии. Според нивната анализа, просечната старосна пензија во јуни 2017 година изнесувала 15.273 денари, а во мај 2024 година 22.937 денари. Тоа е зголемување од 7.664 денари за седум години, односно околу 91 денар месечно.

    Во јули 2024 година просечната старосна пензија била 22.858 денари, а во мај 2026 година достигнала 29.663 денари. Така, за 23 месеци пензијата се зголемила за 6.805 денари, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува просечен месечен раст од околу 296 денари, или 325 отсто повеќе во однос на периодот на претходната влада.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие показатели се доказ за подобрување на животниот стандард преку повисоки плати и пензии и оти разликите меѓу економските политики на двете влади можат да се мерат преку конкретни бројки.

    „Граѓаните заслужуваат економски раст што се чувствува во секое семејство“, наведуваат од партијата, додавајќи дека нивната политика е насочена кон работа, раст и повисок стандард.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34

    ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

    11.09.2026 во 19:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.