Бајден: САД нема да ѝ дозволи Русија никого да заплашува со нивниот гас

Американскиот претседател Џо Бајден даде коментар по прекинот на испораката на руски гас за Полска и Бугарија.

„САД нема да дозволи Русија никого да заплашува со рускиот гас. Нема да дозволиме да ги користат своите резерви за да избегнат последици од нивната агресија во Украина“, вели Бајден.

Во средата рускиот гигант Газпром ги прекина сите испораки на гас за Бугарија и Полска, членки на Европската унија и НАТО, со закана од недостиг во Централна и Источна Европа, но и на целиот европски континент.

29.04.2022 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега