Автомобил удри во малолетник во Арачаиново

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил со кој управувало 19-годишно момче.

-На 11.09.2020 во 19:40 часот било пријавено дека во село Aрачиново-скопско патничко моторно возило “цитроен ц-2“ со скопски регистарски ознаки управувано од 19-годишниот Р.Б. од село Арачиново удрило во малолетник. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега