- Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот во Белата куќа
- Возел и покрај активната забрана за управување, приведен 45-годишен жител на Калишта
- ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа за постигнување праведен и траен мир во Украина
- Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото
- Ирска со тревога: Серијата лажни дојави за бомби низ Европа се координирани напади
- Путин потврди: Москва, Киев и Вашингтон седнуваат на маса
- Јазик ѝ се врза: Меланија Трамп исмеана на социјалните мрежи поради говор во Белата куќа
- Калас: Путин нема право на вето врз прашањата за европската безбедност
Author: Author 04
Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуда во случајот „Геријатрија“, изрекувајќи му затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи. Вработениот во истата установа, Блерим Амити, е осуден на една година и десет месеци затвор. Двајцата се огласени за виновни за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според пресудата, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба, додека Амити посредувал при предавањето на парите. Судијката Ленка Давиткова во образложението истакна дека судот особено го ценел искористувањето на тешката здравствена состојба на пациентите…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, денеска официјално го потпишаа меморандумот кој поставува рамка за долгорочен развој на Скопје. Овој договор има за цел унапредување на локалните политики, јакнење на институциите и воведување одржливи решенија за граѓаните. Партнерството опфаќа клучни реформи во даночниот систем, дигиталната трансформација и заштитата на животната средина. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е важен чекор во продлабочување на соработката со УНДП, како една од најрелевантните меѓународни организации за одржлив развој.
ЦУК со информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот Скопски регион До 13:00 часот сите патни правци на територијата на Град Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата и се подготвени за дополнителни интервенции. Битолски регион Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и патишта во Битола се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници. Во општините Новаци и Могила нема…
На ден 20.01.2026 година, од страна на стручно лице З. Пеев, вработен во Дирекцијата за заштита и спасување – Подрачно одделение Штип, безбедно е отстранета минофрлачка граната 82mm од Втората светска војна, пронајдена на подрачјето на Ново Село, с.Ново Коњарево, соопштија од ДЗС. Истиот ден, во Кочанско, на патниот правец кон Пониква, безбедно е отстранета и артилериска граната од 60mm. Пронајдените неексплодирани убојни средства ќе бидат транспортирани и уништени на воениот полигон „Криволак“, согласно утврдените безбедносни процедури.
Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“ во споредба со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче. На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот нагласувајќи дека од иплементацијата на проектот заслуга на македонските граѓани било токму спасените девет човечки животи. – Во тест-периодот имаме две сообреќајни незгоди со смртни случаи, односно два смртни случаја. Девет помалку, компаративно со минатата година. Само…
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на скопската обиколница, во близина на клучката кај населбата Хиподром. Според првичните фотографии од теренот, едно патничко возило е целосно превртено на покрив среде коловозот. На местото на настанот веќе се присутни полициски екипи.
Вчера во ОВР Гостивар, 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија. Се преземаат…
Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеничко прашање на собраниската седница. Тој истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската Комисија за надминување на овој сериозен проблем, но ЕУ заесега нема слух за надминување…
Вчера во ОВР Гостивар, 42-годишник од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 20.11.2025, пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испратил пораки кои содржеле експлицитни фотографии и видеоснимки на профил на малолетничка. Со него е извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.
