- Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
- Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
- Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
- Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
- Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
- Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
- Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
- Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
Author: Author 04
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината,…
Охрид е во шок по веста за трагичната смрт на младиот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев. Несреќата се случила вчера во станбена зграда во изградба во Охрид. Според неофицијални информации објавени од локалните медиуми, 28-годишниот Љушев паднал во окно од лифт во зграда која сè уште е во фаза на изградба. Тој бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ околу 15:00 часот, каде биле направени обиди за реанимација, но лекарите за жал не успеале да го спасат неговиот живот. Кристијан Љушев беше основач на продуцентската куќа „Шпанец“ и уживаше голем углед како исклучително талентиран професионалец. Неговиот творечки опус вклучува…
Според податоците од мерните станици низ Македонија измерени во 10 часот, температурите во најголемиот дел од земјата се под нулата. Берово е најстудено со измерени -5,4 степени, по што следат Тополчани со -3,9 и Штип и Крива Паланка со -3,4 степени Целзиусови. Ниски температури се забележани и во другите градови: Над нулата температури се регистрирани само во неколку места, како Гевгелија и Претор каде се измерени 1,7 степени, додека на Попова Шапка температурата изнесува 0,9 степени. Во Крушево е измерена вредност од точно 0 степени.
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (вторник, 13-ти јануари), без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини. Според најавите, прекини ќе има на следните локации:
Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година „Во Буџетот за тековната година се обезбедени 15 000 000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, повеќе социјализација и континуирана грижа”, истакна Герасимовски. Во проектите наменети за пензионерите се опфатени: Сервис за стари лица, Итно копче (24/7 медицинска поддршка), Бесплатен превоз до здравствени установи, Сезонски екскурзии во сите годишни времиња , настанот „Носталгија за…
На 12./13.01.2026 во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес. А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, занаетчиски услуги, давате приватни часови на ученици и студенти, остварувате приходи од продажба на земјоделски производи или вршите друг оданочив промет и во 2025 година сте оствариле промет над 2.000.000 денари треба да се регистрирате…
Два силни земјотреси денес го погодија регионот Емилија-Ромања во Италија, со јачина од 4,3 и 4,1 степени според Рихтеровата скала. Потресите беа почувствувани дури до Тоскана. Во Емилија-Ромања, првиот земјотрес беше почувствуван во 9:27 часот наутро, со јачина од 4,3 степени, со епицентар во Русија (Равена) и длабочина од 22,9 километри. Вториот земјотрес се случи во 9:29 часот наутро, со јачина од 4,1 степени. Епицентарот беше на 8 километри од Фаенца, исто така во областа Равена. Беше почувствуван дури до Фиренца. Луѓето истрчаа на улиците во страв. Земјотресот беше почувствуван и во Форли, Чезена, Римини, Бањакавала, Червија, па дури и…
На лицето Саит Саитов за кој МВР распиша меѓународна потерница од страна на СВР Скопје во 2025 година изречена му е санкција по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за управување на возило без положен возачки испит. На неговиот татко, од страна на СВР Скопје во 2025 година поднесена му е прекршочна пријава по член 317 став 14 за давање на возило да управува друго лице а лицето да нема положено возачки испит.
Царински службеници на граничен премин Дојран открија и спречија обид за шверц на 5.050 штеки цигари и електронски цигари со вредност од осум милиони денари. Инспектори од Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, го лишија од слобода осомничениот српски државјанин, возач на камионот, против кој е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „криумчарење“ и за „фалсификување исправа“, казниви по Кривичниот законик. Делото е откриено во неделата вечерта, на излез од граничниот премин Дојран, кога царинските службеници применувајќи напредни оперативни техники и аналитичко расудување при проценка на конкретната состојба на терен, извршија контрола на камионот пријавен како…
