Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Спречен шверц на Дојран: Во специјален бункер во камион пронајдени цигари вредни 8 милиони денари

    (ВИДЕО) Спречен шверц на Дојран: Во специјален бункер во камион пронајдени цигари вредни 8 милиони денари

    13.01.2026 во 10:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царински службеници на граничен премин Дојран открија и спречија обид за шверц на 5.050 штеки цигари и електронски цигари со вредност од осум милиони денари. Инспектори од Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, го лишија од слобода осомничениот српски државјанин, возач на камионот, против кој е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „криумчарење“ и за „фалсификување исправа“, казниви по Кривичниот законик.

    Делото е откриено во неделата вечерта, на излез од граничниот премин Дојран, кога царинските службеници применувајќи напредни оперативни техники и аналитичко расудување при проценка на конкретната состојба на терен, извршија контрола на камионот пријавен како празен. При деталниот преглед е откриен специјално конструиран бункер со преграда каде е откриен 101 пакет со цигари и електронски цигари.

    Дополнително, со асистенција на полициски службеници, утврдено е дека бројот на шасијата на полуприколката не е идентичен со бројот на шасијата во сообраќајната дозвола која ја употребил како вистинска кога ја дал на увид.

    Ова е втор случај за многу кратко време, на откриен обид за криумчарење на големи количини цигари во специјално конструирани бункери во камиони откриени на гранични премини на територија на царинарница Гевгелија.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.